top of page

Маи Реи Метод

За курсот

Ова е срцето на Mind Gym. Маи Реи Метод е процес во кој постепено почнуваш да го расчистуваш умот и да ги отстрануваш бариерите што долго време те кочеле. Со секоја недела се отвора нов простор за разбирање на себе и за поинаков начин на живеење. Во овој процес откриваш како да го расчистиш умот од прекумерни и исцрпувачки мисли што постојано се вртат во круг. Полека учиш и како да се справуваш со тешки емоции без да бидеш преплавен од нив, како да ги разбереш искуствата и губитоците од минатото и да им дозволиш конечно да се отпуштат. Со текот на времето станува појасно и како да создадеш внатрешна стабилност наместо постојано да реагираш импулсивно. Ќе откриваш како да комуницираш со другите на појасен и посмирен начин, како да ги прифатиш луѓето без постојано осудување и како да останеш стабилен дури и кога некој те осудува или не те разбира. Во процесот постепено ги откриваш и оние тивки, закриени делови од тебе што создаваат внатрешни препреки. Кога ќе ги препознаеш, станува можно да ги ослободиш и да престанат да управуваат со твоите реакции, избори и односи. Така умот почнува да се расчистува, одлуките стануваат појасни, а животот се движи со повеќе стабилност и доверба. Кога бариерите се тргаат, природно се отвора простор за нови можности, поздрави односи и состојба во која повеќе не се бориш со животот — туку почнуваш да привлекуваш она што навистина сакаш да го создадеш. Маи Реи Метод е токму таков процес - постепена и искрена работа со себе, при која бариерите се тргаат, а умот станува твој сојузник наместо противник.

Price

3 Plans Available, From $34.00/month
Marija K.
00:00 / 00:27

Maja

"Дефинитивно ова е сега мојата омилена програма! Комбинацијата на Реики и Законот за Привлекување ти се совршена комбинација за човек да живее автентично и во мир."

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

bottom of page