top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube

Антички совети за намалување анксиозноста

Updated: Nov 16, 2024




Анксиозноста не е само емоција. Ова е состојба, посебна состојба на човек кој се наоѓа во неизвесна ситуација.


Античкиот филозоф Епиктет, припадник на Стоичката школа, рекол:

Мора да сфатиме што е во наша моќ и она што не е. На што можеме да влијаеме и на што не можеме. Што може да земат од нас и што не можат.

Иако понекогаш ова звучи тажно, сепак најважно е да ги препознаеме границите на нашата моќ над животот.

Во наша моќ се: нашето мислење, зборовите, стремежот, желбата, намерата.

Надвор од границите на нашата моќ се: нашето тело, доброто име, имотот, јавната кариера.

Можеби звучи тажно, но тоа е така. Сето ова може да ни биде одземено од непријателите или да го оштетат околностите и времето.

Кога ќе размислиме подлабоко за ова, тогаш ќе разбереме дека тоа е вистина.


✅ Треба да се развивате се до степен да стекнете свое мислење. Сопствено, лично, вистинско мислење, а не наметнато од другите.

✅ Мора да имате желба за напредување, да имате ваша цел. Треба да знаете кон што точно целите. Зошто го сакате тоа?

✅ Кога ја имате целта, треба да се потрудите да научите да правите разлика меѓу возможното и невозможното. И да ги разликувае каприците од желбите.

Поставувајте си прашања:

  • Што навистина сакам?

  • Што е можно во овој временски период?

✅ Прифатете ја ситуацијата онаква каква што е. Верувајте, сè се случува со причина и за наше најголемо добро. Прифаќањето на ситуацијата ја ублажува анксиозноста. Исто така и сознанието дека тоа е надвор од нашата контрола доста добро влијае за отстранување на анксиозноста.

Ова е нашето тело! Нашиот имот! Нашето добро име! Нашата кариера! Да. Но, не можете секогаш да ги задржите. Мора да се обидете да разберете .дека тоа може да ни биде одземено во секој момент. Исто како и самиот живот.


Но, ние мораме да живееме и да бидеме благодарни за оваа можност која ни е дадена. Да го контролираме она што можеме да го контролираме, она што е во нашата моќ. Зборовите, мислите, намерите, желбите. Тоа е суштината на доброто расположение и мирот по кој сите трагаат. Затоа и секогаш препорачувам 10 минутна медитација, барем еднаш во денот.

Понекогаш оваа Стоичка филозофија е единствената спасувачка филозофија.





Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
  • Facebook
  • Instagram
  • Youtube

Address

Marshal Tito bb.

1440 Negotino, North Macedonia

Contact

info@maireihealing.com

 Viber/WhatsApp (+389) 70-233-018 

Онлајн Холистички Центар за Личен и духовен Развој - Неготино, Северна Македонија

Реики и Трансформативни Сесии за Личен и Духовен Развој | Mai Rei Македонија

Реики сесии и алатки за самосвесност, емоционална поддршка и внатрешна рамнотежа.

Работно време за консултации и закажување:

Понеделник – Петок: 14:00 – 20:00

Сабота и Недела: Затворено

Thanks for submitting!

Copyright © 2026 Mai Rei — Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за рефундација и враќање

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ:

Услугите, програмите и ресурсите на Mai Rei се наменети за личен и духовен развој, благосостојба и саморефлексија. Mai Rei не е лиценциран медицински или психотерапевтски провајдер и не нуди дијагноза, третман или лекување на медицински состојби. Информациите и услугите не се замена за професионален медицински совет.

bottom of page