Дали досега сте се запрашале: зошто некои луѓе доаѓаат и си одат?
За да разберете што се случува во вашиот живот, треба да ги знаете трите многу важни закони на универзумот. Тие ќе ви ги дадат одговорите на многу прашања и ќе ви помогнат да создадете подобра иднина.
Прв Закон: ИСТО ПРИВЛЕКУВА ИСТО! Овој закон е многу добро познат на сите нас.
Сите жени кои сакаат вистински маж – треба да станат вистински жени, со широк спектар на женски квалитети. Ако сакате луѓето да обрнуваат внимание на вашите чувства, обрнете внимание на чувствата на луѓето. Со еден збор – однесувајте се со другите така, како што би сакале да се однесуваат тие према Вас.
Ако сакате да станете богати – тогаш престанете да пазарувате на распродажба и во ефтини продавници, тоа само привлекува сиромаштија.
Меѓу жените, честопати слушаме: “Нејзиниот маж е толку лош, а таа е многу добра девојка”. Тоа е лага! Тоа не е така! Ова значи дека во неа живеат многу деструктивни програми кои го привлекуваат.
Кога сме исполнети со радост, луѓето кои се со нас почнуваат да се менуваат и стануваат позитивни. Дејствувајте исправно – и вистинските луѓе ќе влезат во вашиот живот!
Втор Закон: ИСТО РАЃА ИСТО! Кај нас постои изрека: “Крушата под круша паѓа” и тоа е вистина.
Секое дејствие раѓа слично дејствие. На пример, ако сте имале лош однос со вашите родители, не очекувајте вашето дете да се однесува добро со вас, па дури и да се трудите да го воспитате. Она што го создавате е вашата холографска копија и се однесува онака како што сте се однесувале вие.
Затоа, погледни добро кој си ти и што создаваш! И со какво Расположение!
Има една добра вест за овој закон: ако во врската сте почнале да се однесувате како жена, вистински и со радост ги исполнувате своите обврски, тогаш вашиот партнер, без разлика каков е, ќе започне да се однесува добро и ќе се грижи за вас. Но запамтете – Најважна од се е искреноста со Вас самите!
Трет Закон: ОНА ШТО НЕМОЖЕ ДА СТАНЕ ИСТО – ЗАМИНУВА!
Ако станете добродушни и се однесувате учтиво и добро со луѓето, а некој во вашата средина не може да го постигне тоа – вашата комуникација ќе престане, универзумот ќе го однесе од вас.
Ако станете женствена, полна со љубов, одговорна, а вашиот сопруг не сака да се смени, не сака да работи, да се развива, не дозволува да се родат деца и сл., универзумот ќе ви го олесни разводот, а вас ќе ве привлече истото со вас.
Ако сте почнале да размислувате позитивно и се стремите за духовно и внатрешно изобилство, а вашите пријатели продолжуваат да се однесуваат лошо со другите и ве вовлекуваат и вас во тоа, не грижете се, наскоро универзумот ќе ви даде нови пријатели.
Се што треба да направите е да работите на себе и само на себе!
Ова е единствениот начин да промените многу во вашите животи! Затоа, исчистете се внатрешно од се што е лошо и создадете вистинска состојба на свест према животот!
Comments