top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube
Writer's pictureMai Rei

Како лесно да ја прочиташ личноста на некој

Со оваа вежба покрај тоа што ќе ги разберете другите за тоа какви се и каква е нивната личност, ќе ви помогне и самите да се разберете.


Ако ви е тешко да ги разберете луѓето, тогаш само едно прашање може да ви помогне да ги разберете подобро, буквално веднаш.


Според една студија објавена во списание за психологија на личноста и социјалната психологија, потребно е само да го прашате човек што мисли за некој друг. Тој одговор може да каже многу за него самиот, бидејќи луѓето се склони да ги гледаат своите особини кај другите.

Така, добриот човек најпрво ќе обрне внимание на добрината во другите, а на егоистот сите други му изгледаат себични.


За време на истражувањето учесниците биле замолени позитивно и негативно да оценат три други лица.

Оние учесници кои позитивно ги оцениле другите три лица, се покажало дека се всушност оние посреќните и емоционално постабилните.

Оние пак, кои негативно ги оцениле другите три лица, всушност биле личности - нарциси со високо ниво на антисоцијално однесување.


Меѓутоа, според истражувачите:

Иако нарцисоидните личности ги гледаат другите луѓе како неинтересни или безвредни, сепак тие себе си не се гледаат како такви. Едноставно е.


ВЕЖБА

За подобро да се запознаете себе си, топло ви препорачувам да земете молив и лист хартија. Започнете да приметувате што мислете и како ја перципирате другата личност. Запишете! Потоа само замислете дека таа личност е огледало во кое се огледувате вие. Пронајдете во кои ситуации тоа ваше однесување се појавува.

Ова е еден од најважните чекори за почеток на трансформација на личноста.


Пробајте!


153 views1 comment

1 Comment


katerinabudimovska
Feb 16, 2022

Preubava vezba i kolku e vistina koga analaziras nekoja licnost i davas mislenje za nea, vo nekoi raboti se gledas i se pronaogas sebesi vo nea🥰 Ti blagodaram💖😘

Like

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Смири си го умот. Смени си го живот.

bottom of page