top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube

Пред сè спознај се себе си и љубовта ќе дојде како награда

Љубовта е духовно искуство и нема ништо заедничко со половите и телата, но е поврзана со најдлабокото внатрешно битие.


Најпрво Биди Свој: Пред сè спознај се себе си и љубовта ќе дојде како награда.


Спознавањето себе си е духовен процес кој бара поголема работа на себе, анализи, пишувања, медитација, вежби....Не е случајно постоењето на многу учители (гуру) низ целиот свет, преку чија помош и водење полесно се одвива овој процес и побрзо се доаѓа до спознание за себе.


Откако ќе се спознаеме себе си и ќе го прифатиме она што всушност сме ќе ја добиеме наградата од трансценденталното. Љубовта ќе започне да се излева во нас како цвет кој расцутува… цвет кој го исполнува нашето битие. Продолжува да зрачи директно од нас и со тоа доаѓа голема желба да биде споделена.


Оние кои го нашле изворот на љубовта во себе, повеќе немаат потреба да бидат сакани – затоа што тие се сакани.

Во тоа е всушност тајната на животот.

Тоа е она што и јас го искусив и го живеам сега.


Кога без причина само ги сакаш другите, многумина ќе те засакаат тебе, бидејќи тие ќе знаат дека постои барем еден човек во нивното опкружување кој зрачи љубов и чија љубов не е поради некаква потреба. Љубов која е искрена и која излегува од твојата суштина, битието.


И колку повеќе зрачиш и ја делиш својата љубов, таа повеќе расте.


Маја

71 views1 comment

1 comentario


Preubavo 🥰💖😘💞

Me gusta

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Смири си го умот. Смени си го живот.

bottom of page