Љубовта кон себе не значи гордост и суета. Иако тие понекогаш се сметаат за доблести, тие всушност се најопасните страсти - "страст што ги убива плодовите“.
Љубовта кон себе, значи да се прифатиш и сакаш онаков каков што си.
Најубавото чувство е кога прифаќам и можам да бидам убава на свој начин. Не морам да ги следам стандардите за убавина на гламурозните списанија.
Самољубието започнува со зборовите - можам.
Можам да бидам со некого или да бидам сама.
Можам да ги изберам правилата на мојот живот.
Можам да бидам смешна, глупава, луда, паметна, тажна.
Можам да не се согласувам.
Можам да кажам „Не“, иако сите околу мене се надеваат дека ќе слушнат „Да“ од мене.
Можам да плачам кога сите се смеат, а да стојам кога сите трчаат.
Можеби не сум најдобра, но можам да бидам доволно добра за себе.
Можам да заминам и да почнам одново, дури и ако треба да вложам многу труд.
Можам да бидам истрајна и храбра.
Можам да се соочам со сето она што другите ми го наметнале, свесно да го отстранам од мојот живот и да започнам да бидам тоа што сум со сета љубов кон себе.
Commentaires