top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube

Следниот партнер доаѓа како проверка

По разделбата со партнерот, порано или подоцна, во нашиот живот се појавуваат други партнери и овде има многу нијанси од претходните.


Прво, Ако не сте ги поминале лекциите во претходните врски, не сте го научиле она што требало да го научите, тогаш следниот партнер, порано или подоцна ќе почне да го повторува сценариото од претходната врска!

Второ, многу важен момент, ако сте се обидувале да ги надминете сценаријата, сте работеле на вашите квалитети, тогаш следниот партнер доаѓа како проверка, демо верзија на вистинска врска. И тој ќе ја тестира твојата нова навика за стабилност. Многу жени се жалат дека секогаш добиваат “коњи”, но проблемот не е дека постојат само “коњи” околу нас, туку во тоа што не сме го положиле испитот од врската.


На пример: една жена живеела со еден маж, а тој со ништо не ѝ возвраќал. Таа се грижела за сè, а тој дури и ја понижувал (типично сценарио). Се уморила од сè и одлучила да го остави бидејќи заслужува повеќе. По некое време се појавува друг и сè изгледа во ред, нормална врска, романса. И во еден момент тој вели: “Драга, немам доволно пари за зимски гуми, можеш ли да ми дадеш!”

Ова е првото ѕвонче за тестирање!

Универзумот вели тивко: “Ајде, добро! Покажи дека веќе си научила да не даваш пари на дечкото и да го оставиш сам да си ги решава проблемите. Бидејќи постојано си учела во изминатите врски … сега ќе успееш и ќе кажеш – Жал ми е! Не можам да ти дадам пари, веќе имам планови за нив! ”

А ако жената навистина одбива да му помогне на партнерот, таа добива уште неколку проверки во тој однос, обично посложени, по што таа доаѓа на ново ниво. А мажот или си оди, оставајќи го своето место за по достоен маж, или се менува и тој станува достоен!

Ако жената не ја научи лекцијата и даде пари, таа се враќа на своето “место” и е принудена повторно да ги живее сите свои лекции.


По завршувањето на трауматската врска, секогаш добиваме проверка!

Запомнете го ова!


Постои уште еден важен момент за женското самопочитување во односите.

Да претпоставиме дека девојката работела на себе, создавала услови за привлекување на пристоен маж, работела на самодовербата. А тогаш започнал периодот за создавање на врска.


Првиот кој е испратен кај неа е – некоја будала која никогаш не може да ја цени таквата жена! Зошто? Универзумот ја испитува стабилноста на нејзината самодоверба, колку е подготвена за пристоен однос. Ако е подготвена, тогаш таа љубезно ќе му каже на овој човек: “Извини, но ние не сме на истиот пат!”


Потоа ќе биде испратена подобра верзија, но не токму онаа што навистина може да ја разбере вредноста на оваа жена. А мудрата жена, сфаќајќи ја својата вредност, мирно ќе рече: “Ви благодарам многу, но би сакала подобар.” – затоа што го разбира своето ниво.


Потоа ќе ѝ биде испратна одлична варијанта, мажествен, одговорен, маж со нејзин степен на развој, или уште повисок, обезбеден и созреан за таква жена … но оженет!

Ова е еден од најтешките испити, кои, за жал, многу жени “не го поминуваат”. Но, ако жената е навистина полна со енергија, таа знае дека ќе ѝ биде дадено она што го заслужува – ќе му каже на мажот: “Ти си многу убав, но затоа што веќе имаш жена, јас не сакам да изградам некаков однос со тебе, бидејќи тоа е против моите правила. Ти благодарам за комуникацијата! ”


И после сите овие проверки – тој доаѓа. И со него исто така ќе има проверка, но ова е сосема друга приказна, посреќна.

Варијациите на претходните партнери можат да бидат многу, ова се само примери, но поентата е дека многу ретко нашиот човек доаѓа одеднаш, особено ако имаме големи барања. Колку повеќе барања имаме – толку е поголем бројот на проверки и тестирања!

Проверките се многу добри, ни го покажуваат нашето ниво на зрелост, на самодоверба. За жал, многу често жените се вклучуваат веднаш во нова врска после разделбата од претходната,  а потоа во неа поминуваат многу лекции.


Жените кои се на повисоко ниво, не можат да добиваат проверки, бидејќи универзумот гледа дека тоа е само губење на време.


Затоа, сакам да ги предупредам сите жени, да внимаваат во новите односи, да ги следат периодичните ситуации и да научат правилно да реагираат, почнувајќи од лекциите од минатото!


Не брзајте да влезете во првата врска, бидете свесни, чувствувајте го вашето ниво!



138 views0 comments

Comments


Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Смири си го умот. Смени си го живот.

bottom of page