Тоа што ќе посееш – тоа и ќе жнееш!
- Маја Митрова С.
- Feb 18, 2022
- 1 min read
Updated: Mar 16, 2022
Дали сакате да бидете успешни и хармонични?

“Тоа што ќе посееш – тоа и ќе жнееш”. Ова е еден од најважните и главни духовни закони. Исто така познат е и како “причина и последица закон”.
Еве зошто?
Што и да направивме или речеме, тоа сигурно ќе ни се врати. Не може да биде поинаку! Ако сте постојано негативни кон луѓето, кон животот, кон себе – очекувајте слична жетва.
Зарем плодот што расте не е секогаш поголем од неговото посеано семе?
Затоа, подарете насмевка и добијте добро расположение. Ако внесувате среќа, мир и љубов - сигурно тоа и ќе го ожнеете!
Направи го тоа!
За почеток, приметите каков вид на семе сеевте досега, како на емоционално, така и на физичко ниво.
Маи Реи
Comments