top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube
Writer's pictureМаја Митрова С.

Трите важни закони на универзумот

Дали досега сте се запрашале: зошто некои луѓе доаѓаат и си одат?


Трите важни закони на универзумот

За да разберете што се случува во вашиот живот, треба да ги знаете трите многу важни закони на универзумот. Тие ќе ви ги дадат одговорите на многу прашања и ќе ви помогнат да создадете подобра иднина.


Прв Закон: ИСТО ПРИВЛЕКУВА ИСТО! Овој закон е многу добро познат на сите нас.


Сите жени кои сакаат вистински маж – треба да станат вистински жени, со широк спектар на женски квалитети. Ако сакате луѓето да обрнуваат внимание на вашите чувства, обрнете внимание на чувствата на луѓето. Со еден збор – однесувајте се со другите така, како што би сакале да се однесуваат тие према Вас.

Ако сакате да станете богати – тогаш  престанете да пазарувате на распродажба и во ефтини продавници, тоа само привлекува сиромаштија.

Меѓу жените, честопати слушаме: “Нејзиниот маж е толку лош, а таа е многу добра девојка”. Тоа е лага! Тоа не е така! Ова значи дека во неа живеат многу деструктивни програми кои го привлекуваат.

Кога сме исполнети со радост, луѓето кои се со нас почнуваат да се менуваат и  стануваат позитивни. Дејствувајте исправно – и вистинските луѓе ќе влезат во вашиот живот!


Втор Закон: ИСТО РАЃА ИСТО! Кај нас постои изрека: “Крушата под круша паѓа” и тоа е вистина.


Секое дејствие раѓа слично дејствие.  На пример, ако сте имале лош однос со вашите родители, не очекувајте вашето дете да се однесува добро со вас, па дури и да се трудите да го воспитате. Она што го создавате е вашата холографска копија и се однесува онака како што сте се однесувале вие.

Затоа, погледни добро кој си ти и што создаваш! И со какво Расположение!

Има една добра вест за овој закон: ако во врската сте почнале да се однесувате како жена, вистински и со радост ги исполнувате своите обврски, тогаш вашиот партнер, без разлика каков е, ќе започне да се однесува добро и ќе се грижи за вас. Но запамтете – Најважна од се е искреноста со Вас самите!


Трет Закон: ОНА ШТО НЕМОЖЕ ДА СТАНЕ ИСТО – ЗАМИНУВА!

Ако станете добродушни и се однесувате учтиво и добро со луѓето, а некој во вашата средина не може да го постигне тоа – вашата комуникација ќе престане, универзумот ќе го однесе од вас.

Ако станете женствена, полна со љубов, одговорна, а вашиот сопруг не сака да се смени, не сака да работи, да се развива, не дозволува да се родат деца и сл., универзумот ќе ви го олесни разводот, а вас ќе ве привлече истото со вас.

Ако сте почнале да размислувате позитивно и се стремите за духовно и внатрешно изобилство, а вашите пријатели продолжуваат да се однесуваат лошо со другите и ве вовлекуваат и вас во тоа, не грижете се, наскоро универзумот ќе ви даде нови пријатели.


Се што треба да направите е да работите на себе и само на себе!

Ова е единствениот начин да промените многу во вашите животи! Затоа, исчистете се внатрешно од се што е лошо и создадете вистинска состојба на свест према животот!


332 views0 comments

Comments


Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Смири си го умот. Смени си го живот.

bottom of page