МАСТЕР ТЕХНИКИ
Мастер техниките се всушност најдлабоките и најдобрите методи кои поттикнуваат длабоко исцелување на човекот.
Станува збор за различни техники кои ги користам во моите програми за длабока трансформација на личноста.
Овие методи нудат водство на клиентот низ длабок процес на откривање на причините кои ги создаваат сегашните последици и заедно ги одделуваме, при што доживувате големо ослободување.
Еве неколку Методи / Техники кои ги користам во моите програми, секако во зависност од проблемот и состојбата на секој клиент посебно:
✦ Меридијанска, Емоционална и Мисловна терапија
Техника која ги надминува TFT и EFT терапиите по ефикасност и конзистентност, фокусирајќи се на подлабоките слоеви на умот и основниот товар на проблемот.
✦ Техника за елиминација на хронични и тешки проблеми
✦ Интеграција на примордијални поларитети
Техника за откривање и интегрирање примордијални поларитети или лични кодови. Со идентификување и разрешување на овие длабоко вкоренети спротивставени сили, се олеснува длабоката трансформација кај поединецот, што доведува до трајни промени и личен раст во нечиј живот.
✦ Работа со метаструктури на умот
Техника која продира во „метаструктурите“ на умот, дејствувајќи врз корените и негативните верувања кои го создаваат проблемот. Овој пристап резултира со ново ниво на ефективност и ги прави придобивките од сесиите за терапија стабилни и трајни.
✦ Работа со ентитети
Техника за работа со ентитети која е духовен и терапевтски систем за решавање на нечии проблеми преку идентификување и комуникација со ентитети (одделни свесни суштества кои постојат во поединецот). Ваквиот пристап може да биде многу корисен и може многу брзо да го реши проблемот, кога клиентот ќе го сфати неговиот проблем како нешто што е одвоено од него. Ова овозможува интеграција или заминување на ентитетите.
✦ Трансдимензионално дишење
Техника преку која учесниците постигнуваат различни ментални состојби на воздигнување и повисоки нивоа на перцепција за себе и универзумот. Преку оваа техника може да се искусат исцелување, блескава светлина во различни бои, да се согледаат други димензии, паралелни реалности, па дури и минати животи.
✦ Моќта на зборовите
Техника за создавање посакувани промени и решавање на проблеми и конфликти. Изборот на зборовите што ги користиме може да доведе до подлабоко разбирање за тоа како функционираме и со едноставни модификации можеме да ги решиме проблемите и конфликтите што нè мачат.
✦ Персонализирани лекувачки медитации
Персонализирани лекувачки медитации, според потребата и состојбата на клиентот
✦ Други техники...
Овие техники не се замена за медицинска или психолошка терапија, туку длабока лична работа...
Со овие техники се отвора простор за:
-
Ослободување од стрес и анксиозност
-
Јасни увиди во личните искуства
-
Самодоверба, сила и храброст
-
Внатрешен мир и стабилност
-
Балансирање и хармонија
-
Зголемена и стабилизирана енергија
-
Фокус на животни решенија
-
Длабока и трајна трансформација
Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега