top of page
Блокираност, исцрпеност и напнатост – практичен водич со мали чекори за враќање на силата во телото, намалување на напнатоста

Блокираност, исцрпеност и напнатост | Кога ништо во тебе не се поместува

10,00$Price

Блокираност, исцрпеност и напнатост е водич за враќање во телото и поставување граници.

 

Создаден е за периоди кога телото е уморно, а работите што порано биле лесни одеднаш стануваат тешки и бараат повеќе сила.

 

Понекогаш тоа изгледа како застој, тежина во телото или како чувство дека носиш повеќе отколку што можеш.

 

Овој водич, креиран во форма на работна тетратка, нуди мали чекори што помагаат повторно да се појави движење во телото, да се намали напнатоста и постепено да станат појасни сопствените граници.


Направен е без теорија и содржи кратки, практични насоки создадени од реална работа со мои клиенти.

 

За тебе е ако:

 

– Често се чувствуваш исцрпено или без сила
– Тешко започнуваш работи иако знаеш што треба да направиш
– Во телото има напнатост, а во исто време и замор
– Се наоѓаш како да носиш премногу обврски
– Ти е тешко да кажеш „не“ без вина
– Бараш мирни, едноставни начини за самоподдршка и повеќе јасност околу сопствените граници.

 

Внатре ќе најдеш и мала „кошничка за поддршка“ со неколку едноставни чекори што можеш да ги направиш кога ти треба брза помош.

 

А кога немаш сила ни да станеш, кога телото не реагира или кога сè изгледа како застој, кратката СОС вежба може да ти помогне во моментите кога сè е закочено во тебе.

  • Дигитален PDF формат (21 страница).
    Достапен за преземање веднаш по купувањето.
     

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

bottom of page