Маја Митрова — Реики Мастер, Холистички Терапевт и Основач на Mai Rei
Јас сум Маја.
Реики мастер со меѓународно членство во IARP – International Association of Reiki Professionals, основач на Mai Rei Healing и соосновачки член на Здружението на граѓани-практичари и едукатори за личен и духовен развој.
Повеќе од деценија работам со луѓе кои бараат подлабока промена — преку реики терапија, енергетско лекување, регресивна работа и трансформативно дишење.
Тука сум да те придружам кон внатрешната хармонија и кон светлината што веќе постои во тебе, создавајќи простор каде што срцето се отвора, а трансформацијата се случува природно.
Патувам низ животот како ученик на тишината и на здивот, слушајќи го повикот на мистичното.
Уживај во здивот на животот
Мојот пат — повеќе од деценија холистичка практика
Како што уметникот внимателно ги избира боите за да создаде ремек-дело, така и холистичкиот терапевт вешто ги избира методите за да ја олесни длабоката промена на Битието.
Потекло
Родена сум во Кавадарци, со корени од Неготино, а денес живеам во Флорида, САД.
Моето образование по Општа и компаративна книжевност во Скопје ме научи да ги читам симболите, приказните и тишината меѓу зборовите — нешто што подоцна стана основа на мојата работа како холистички терапевт.
Што ме разбуди
Интересот кон мистичното не беше тренд, туку повик.
Од 2009 година започнав длабоко лично истражување на холистичките методи, во потрага по вистинско емоционално и физичко исцелување. Учев од учители и мајстори низ светот — но најмногу од сопственото искуство и трансформација.
Зошто го правам ова
Затоа што видов што се случува кога човек повторно ќе се поврзе со себе.
Затоа што исцелувањето не е теорија – туку живо искуство.
И затоа што знам дека кога умот, телото и духот се во хармонија, животот почнува да тече поинаку.
Визија, мисија и метод на работа
Визија
Будност на секое Битие

Мисија
Мојата мисија е да го поддржувам процесот на себеспознавање и самореализација преку спојот на древни и современи знаења, применети во секојдневниот живот.
Кога човек повторно ќе се поврзе со себе, животот почнува да тече поинаку.

Метод
Трансформацијата не е само процес — таа е с весен и креативен чин.
Во MAI REI холистичкото духовно советување го препознава единството на умот, телото и духот како основа на вистинската благосостојба.
Ум
Холистичкото духовно советување ја препознава моќта на умот и неговото влијание врз нашата севкупна благосостојба. Преку различни терапевтски техники, вклучително NLP (Невролингвистичко програмирање), регресивна терапија, работа со внатрешно дете и други методи, им се помага на поединците да ги истражат своите мисли, верувања и обрасци на размислување.
Со стекнување на свест и разбирање, човекот може да залечи емоционални рани, да ги ослободи ограничувачките верувања и да негува посвесен начин на размислување.
Тело
Нашите физички тела се составен дел на нашата духовна и емоционална благосостојба.
Холистичкото духовно менторство ги зема предвид потребите на телото и користи техники за ослободување на физичката напнатост, траума и блокирана енергија.
Тука се вклучуваат реики, рефлексологија и трансформативно дишење — промовирајќи длабока релаксација, рамнотежа и виталност.
Дух
Холистичкото духовно советување ја препознава и почитува духовната димензија на поединецот.
Тоа ја надминува традиционалната терапија со инкорпорирање на духовни практики и учења од различни традиции — од традиционалното јапонско реики (Усуи и Shinpiden) и Tantra Reiki, до Diamond Soul, регресивната терапија со минати животи, работата со внатрешно дете и трансформативното дишење.
Маи Реи ги поддржува поединците во истражувањето на нивните духовни верувања, поврзувањето со нивната внатрешна мудрост и продлабочувањето на нивната врска со божественото — преку техники со кои може да се доживее чувство на духовно будење, ослободување од стари обрасци, цел и меѓусебна поврзаност.

Едукација, сертификати и меѓународни акредитации
Во текот на моето патување имав чест да се сретнам со учители и мајстори кои оставија трага во мојот личен и духовен развој. Со благодарност ги носам методите и учењата на големиот мајстор Живорад Жикица Славински, како и мудроста на Анастасија од Мегре, која е тивка духовна насока во моето работење.
Јас сум сертифициран холистички и духовен терапевт со повеќе од една деценија пракса, над 2000 клиенти ширум светот и над 23 меѓународни акредитации низ повеќе модалитети.






.png)

_edited.png)



