Transformational heARTist 🪶
Реики со други холистички методи
„Иако светот е полн со страдања,
тој е полн и со нивно надминување“.
Праксата покажува дека Реики одлично делува кога се комбинира со други холистички методи. Во овие програми Реики енергијата значително го убрзува процесот на трансформација.
Кога сме во состојба на вознемиреност, треба да се доведеме до точка на мир и избалансираност на умот, телото и емоциите, за да можеме да создадеме најразновидни можности и опции. Реики успева да го направи тоа најбрзо. и токму затоа има посебно место во мојата пракса и редовно го препорачувам во комбинација со други методи.
Со помош на Реики клиентот станува опуштен, енергизиран и подготвен храбро да тргне по патеката на својата трансформација .
„Секој одговор што ти е потребен,
лежи во твојата сопствена тишина“.
Токму ова е причината поради која создадов и специјални бустер програми за духовно засилување кои комбинираат холистички техники со енергетски третмани и медитација.
Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега