Прости и ослободи се | Водич за простување, ослободување и внатрешен мир
Водич и работна тетратка за простување со водена медитација
Можеби некој те повредил.
Можеби приказната одамна завршила, но лутината, болката или чувството дека нешто останало недовршено сè уште се тука.
Можеби, пак, ти чувствуваш дека си повредил/а некого и носиш вина што не знаеш како да ја пуштиш.
„Прости и ослободи се“ е водич и работна тетратка што те води чекор по чекор низ процес на простување, барање прошка, телесна вежба, проверка на она што се сменило и водена медитација.
Простувањето во овој водич не значи дека треба да го оправдаш она што се случило. Не значи дека треба да се вратиш во односот или повторно да имаш контакт со таа личност.
Тука простувањето значи да започнеш да ја пушташ тежината што сè уште ја носиш во себе.
Во работната тетратка ќе најдеш:
✦ страница за да препознаеш што точно те држи;
✦ вежба за личност на која сакаш да ѝ простиш;
✦ посебна вежба за личност од која сакаш да побараш прошка;
✦ визуелизација во која се разделуваш од личноста и ѝ дозволуваш на приказната да продолжи понатаму;
✦ кратка телесна вежба за хармонизирање по емоционалната работа;
✦ проверка на промените во телото, мислите и чувствата;
✦ простор за краток увид и лична рефлексија;
✦ ритуал за завршување со еден мал конкретен чекор;
✦ водена медитација за простување што можеш да ја слушаш по вежбите или кога ти е полесно да затвориш очи и да слушаш наместо да пишуваш.
Овој процес може да ти одговара ако:
- носиш лутина, болка или огорченост кон некого;
- чувствуваш дека некоја приказна останала недовршена;
- личноста одамна не е во твојот живот, но чувството сè уште е присутно;
- сакаш да побараш прошка од некого што си го повредил/а;
- сакаш да работиш со простувањето без присилување и без обврска повторно да воспоставиш контакт;
- ти треба воден процес, а не само општи прашања за пишување.
Не мора да го поминеш целиот водич одеднаш. Можеш да избереш една страница, една вежба или само медитацијата и да продолжиш со свое темпо.
Ако во некој момент ти стане премногу, можеш да застанеш.
Што добиваш:
- 1 PDF водич и работна тетратка;
- 15 страници;
- A4 формат;
- 1 водена аудио медитација;
- дигитално преземање;
- материјал за лична употреба.
Нема физичка испорака.
Простувањето не е оправдување.
Не е враќање назад.
Тоа е почеток на пуштање на она што сè уште го носиш.



Reviews
Mnogu lesno za sledenje i primena. Voodusevena sum od meditacijata i toa kolku silno i pozitivno vlijae na mene. Blagodaram mai rei
После подолго време се почувствував многу полесно. Особено ми помогнаа вежбите за ослободување.
Preubavo napisano i lesno za sledenje. vezbite stvarno mi pomognaa da go namalam gnevot.