top of page

Мојот пат — повеќе од деценија холистичка практика

Маја Митрова, основач на Mai Rei, во јапонска градина

Потекло

Родена сум во Кавадарци, со корени од Неготино, а денес живеам во Флорида, САД.

Моето образование по Општа и компаративна книжевност во Скопје ме научи да ги читам симболите, приказните и тишината меѓу зборовите — нешто што подоцна стана основа на мојата работа како холистички терапевт.

Што ме разбуди

Интересот кон мистичното не беше тренд, туку повик.

Од 2009 година започнав длабоко лично истражување на холистичките методи, во потрага по вистинско емоционално и физичко усогласување. Учев од учители и мајстори низ светот — но најмногу од сопственото искуство и трансформација.

Зошто го правам ова

Затоа што видов што се случува кога човек повторно ќе се поврзе со себе.
Затоа што развојот не е теорија – туку живо искуство.
И затоа што знам дека кога умот, телото и духот се во хармонија, животот почнува да тече поинаку.​​​​

Како што уметникот внимателно ги избира боите за да создаде ремек-дело, така и холистичарот вешто ги избира методите за да ја олесни длабоката промена на Битието.

Холистички Практичар, Реики Мастер Учител и Основач на Mai Rei — Маја Митрова

Основач на Mai Rei е Маја Митрова С. — холистички и духовен ментор-водич, сертифициран Реики Мастер Учител, член на International Association of Reiki Professionals (IARP) и соосновачки член на здружението Ego~Unitas, посветено на личен и духовен развој.

 

Mai Rei е создаден како онлајн холистички центар за личен и духовен развој, енергетска работа и враќање кон себе — со пристап кој ги обединува реики, трансформативното дишење, соматските практики и длабоката внатрешна работа. 

Од Маја

 

Повеќе од деценија работам со луѓе кои знаат дека нешто треба да се промени — само уште не знаат од каде да почнат. Работиме преку Реики, енергетска работа, свесно дишење и соматски практики. Не како процедури, туку како враќање кон себе.

Мојата работа е едноставна: чекорам покрај тебе и те водам назад кон себе — кон внатрешната хармонија, свесност и светлината што веќе постои во тебе. Создавам простор каде срцето може да се отвори, а промената да се случува природно и во свој ритам.

Отсекогаш ме привлекувало мистичното. Она тивко место каде нешто стегнато со години конечно попушта.

Каде што повторно се слушаш себеси — можеби по долго време.

Патувајќи низ животот како ученик и слушајќи го повикот на мистичното, токму од тоа патување се роди Mai Rei.

Mai го симболизира полето на душата, во кое природно протекува универзалниот дух на животот (Rei).

 

Заедно, Mai Rei е потсетник дека она што го бараш не е некаде надвор. Веќе е во тебе. Чека под тишината на умот и вревата на секојдневието да биде препознаено.

Кога тоа ќе се случи — а се случува — нешто се поместува. Како врата што долго била затворена.

Тогаш трансформацијата  почнува сама.

Уживај во здивот на животот

Визија, мисија и метод на работа

Mai Rei е онлајн холистички центар за личен и духовен развој, создаден за луѓе кои сакаат поголема свесност, внатрешен баланс и подлабока поврзаност со себе.

Пристапот ги обединува древните енергетски практики и современите методи за лична работа, со техники и алатки што можат да се применат во секојдневниот живот.

Визија

Визијата на Mai Rei е будење на секое Битие — враќање кон внатрешната мудрост, природната рамнотежа и светлината што веќе постои во човекот.

Мисија

Мисијата на Mai Rei е да го поддржи процесот на себеспознавање, самореализација и внатрешна трансформација преку спој на древни и современи знаења, применети на приземен, човечки и практичен начин.

 

Кога човек повторно ќе се поврзе со себе, животот почнува да тече поинаку.

Метод

Во Mai Rei, трансформацијата не се гледа само како процес, туку како свесен и креативен чин.

 

Методот го препознава единството на умот, телото и духот како основа на вистинската благосостојба. Наместо еден единствен пристап, работата се прилагодува на човекот, неговата состојба, неговите обрасци и моментот во кој се наоѓа.

Ум

Mai Rei ја препознава моќта на умот и неговото влијание врз емоционалната, духовната и телесната благосостојба.

Преку техники како НЛП, регресија, работа со внатрешно дете, self-awareness пристапи, работа со внатрешни поларитети и други методи за личен развој, човекот може да ги истражи своите мисли, верувања, внатрешни спротивности и повторувачки обрасци.

Овој дел од работата помага да се донесе повеќе свесност таму каде што постои внатрешна борба, поделба или стар начин на реагирање. Наместо постојано да се движи меѓу две спротивности, процесот поддржува интеграција, поголема внатрешна јасност и трансформација на свеста.

Со повеќе свесност и разбирање, постепено може да се ослободат ограничувачките верувања, емоционалните рани и внатрешните реакции што долго време го воделе животот од позадина.

Тело

Телото е важен дел од духовната и емоционалната благосостојба.

Mai Rei го зема предвид начинот на кој телото носи напнатост, стрес, животни искуства и енергетски дисбаланс. Затоа во работата се вклучуваат телесно ориентирани и енергетски практики како реики, рефлексологија, трансформативно дишење, grounding техники и соматски пристапи.

Целта не е телото да се „поправи“, туку човекот повторно да почувствува присуство, смирување, виталност и поголема поврзаност со себе.

Дух

Mai Rei ја препознава и почитува духовната димензија на човекот.

Во срцето на овој пристап е традиционалното јапонско Реики — Usui Ryoho, каде Маја Митрова С. го поседува највисокиот степен Мастер/Учител — Shinpiden, надополнет со западниот систем Usui Shiki Ryoho.

Оваа основа се проширува со напредни енергетски системи како Tantra Reiki и Diamond Soul. Tantra Reiki работи со виталната животна енергија, енергетскиот дисбаланс, чакрите и балансот на машката и женската енергија. Diamond Soul ја поддржува подлабоката духовна работа, внатрешното усогласување и трансформацијата на стари обрасци.

Во Mai Rei, овие енергетски техники се спојуваат со регресија, работа со внатрешно дете и свесно дишење, создавајќи сеопфатен духовен пристап за поголема свесност, внатрешна интеграција и поврзување со сопствената вистинска природа.

Духовната свесност започнува кога човек повторно ќе се поврзе со својата внатрешна мудрост, баланс и вистинска природа.

Едукација, сертификати и меѓународни акредитации

Едукација, сертификати и меѓународни акредитации

Во текот на нејзиното патување, Маја имала чест да се сретне со учители и мајстори кои оставиле трага во нејзиниот личен и духовен развој. Со благодарност ги носи методите и учењата на мајсторот Живорад Славински, како и безвременската мудрост на Анастасија од Мегре, која останува тивка духовна водилка во нејзиното работење.

Маја Митрова С. е холистички практичар, сертифициран Реики Мастер Учител, духовен ментор-водич и основач на Mai Rei, со повеќе од една деценија пракса, над 2000 клиенти ширум светот и над 17 меѓународни акредитации низ повеќе модалитети.

Официјално членство на Маја Митрова С. - Маи Реи, во IARP – Меѓународна асоцијација на Реики професионалци, гаранција за светски стандарди во енергетската терапија.
IARP International Association of Reiki Professionals (Интернационална асоцијација на Реики професионалци) | значка за членство - Маја Митрова (Mai Rei)
IARP International Reiki сертификат за регистриран Реики професионалец - Маја Митрова, ID TL57769
IARP Reiki International членска картичка за регистриран Реики професионалец - Маја Митрова
Usui Shiki Ryoho Reiki Advanced Level IIIA сертификат за Реики Мастер - Маја Митрова | завршен IIIA степен во Ars Lucida Скопје
Reiki and Colour Therapy (реики и терапија со бои) диплома - Маја Митрова, CPD Standards Office UK
Sirius Sofia сертификат за терапевтска масажа и bodywork (работа со тело) - Маја Митрова
Sirius Training Centre Sofia сертификат за профе�сионална SPA терапија - Маја Митрова
Sirius Training Centre Sofia сертификат за човечка анатомија и физиологија - Маја Митрова
Sirius Sofia сертификат за 636 часовна професионална обука за класична и терапевтска масажа - Маја Митрова
MAI REI Healing - акредитиран тренинг провајдер за холистичка едукација и личен развој - Маја Митрова
Advanced Past Life Regression (регресотерапија и регресија) диплома со Karen E. Wells - Маја Митрова
Past Lives Diploma сертификат за регресивни студии (регресотерапија и регресија) и минати животи - Маја Митрова
Allegra Learning Solutions сертификат за Energy Medicine Therapist (енергетска медицина) - Маја Митрова
Law of Attraction Coach Practitioner (коучинг и практичар за Закон на привлекување и манифестирање) сертификат - Маја Митрова, Graham Nicholls
Dan Brulé Breathwork Foundations сертификат за свесно дишење - Маја Митрова
NLP Practitioner Diploma сертификат за невролингвистичко програмирање - Маја Митрова
Shinpiden традиционален јапонски Usui Reiki Master Teacher (Реики Мастер Учител) сертификат - Маја Митрова
Tantra Reiki Master Teacher (Тантра Реики Мастер Учител) сертификат Level I, II и III - Маја Митрова
Inner Awakening сертификат за личен развој и себе-спознавање - Маја Митрова
Ego~Unitas и Diamond Soul студии за енергетска работа, личен и духовен развој - Маја Митрова
Dan Brulé Advanced Breathwork Training сертификат за свесно дишење - Маја Митрова
Heal Your Inner Child Diploma сертификат за inner child работа и личен развој - Маја Митрова

Реики и енергетска работа

Нејзиното образование и работа вклучуваат традиционално Usui Reiki учење, напредни реики обуки и професионално членство во International Association of Reiki Professionals (IARP).

Низ годините дополнително се обучувала и во Reiki & Colour Therapy, Tantra Reiki и други енергетски практики кои денес се дел од мирниот и приземен пристап зад нејзината работа.

Професионална обука и работа со телото

Маја има завршено 636-часовна професионална обука во Sirius Training Centre во Софија, насочена кон класична и терапевтска масажа, SPA терапии, анатомија, физиологија и body-based wellness практики.

Голем дел од тоа знаење и денес е вткаено во техниките за grounding, присутност и враќање кон себе што се дел од нејзината работа.

Личен развој и внатрешна работа

Низ годините Маја посветила многу време на изучување на емоционалните обрасци, self-awareness пристапите, mindset работа и различни методи за личен и духовен развој.

Нејзиното искуство вклучува NLP, inner child работа, регресивни пристапи и програми за личен развој, ослободување од поларитетни блокади, интеграција на внатрешни спротивности и трансформација на свеста кои влијаат врз начинот на кој работи со луѓето.

Трансформативно дишење

Нејзината breathwork обука ги вклучува Foundations и Advanced Training програмите со Dan Brulé, едно од најпознатите имиња во conscious breathing работата.

Покрај тоа, Маја има практично искуство и со современи breathwork пристапи како SOMA Breath и 9D Breathwork, каде дишењето се комбинира со музика, ритам и фокус, создавајќи простор за подлабока свесност и присутност.

Ова искуство денес е вткаено во многу од grounding и практиките за поголема присутност што се дел од Mai Rei.

Трансформативни студии и Spiritual Technology

Дел од нејзиното најдлабоко учење доаѓа од Spiritual Technology — корпусот методи и системи развиени од големиот мајстор Живорад Михајловиќ Славински, еден од најзначајните духовни истражувачи на нашето време и чија работа е јавно препознаена и од учители како Тони Робинс.

Низ годините Маја учела и работела со неколку од системите на Славински — меѓу кои Aspectics, Excalibur, Gnostic Intensive, Kreaton и Rebirthing — техники кои интегрираат поларитети, поддржуваат работа со лични обрасци и водат кон внатрешно единство, рамнотежа и слобода..

Основач и едукативна работа

Покрај индивидуалната работа со клиенти, Маја е основач на MAI REI, каде со години работи со луѓе од Македонија, САД и различни делови од светот преку холистички пристапи, Реики, трансформативни практики и лична работа еден-на-еден.

Нејзината работа денес вклучува индивидуални сесии со холистички пристап, Реики, трансформативни практики и создавање техники и материјали кои им помагаат на луѓето полесно да се поврзат со себе и со сопствениот внатрешен процес.

Исто така, Маја е соосновачки член на Ego~Unitas — здружение на практичари и едукатори посветено на личен и духовен развој, каде дел од нејзината работа е поврзана и со Diamond Soul методот и сродни трансформативни студии.

Иако обуките и сертификатите се важен дел од нејзиниот пат, најголема вредност за Mai Rei отсекогаш биле луѓето зад оваа работа — нивните приказни, искуства и довербата што ја споделиле со Маја низ годините.

Нејзината работа е поддржана со меѓународни признанија и континуирано професионално продлабочување.

Но најсилниот доказ не се сертификатите — туку довербата, искуствата и сведоштвата на луѓето со кои работела.

Ова е место каде започнува твоето повторно
поврзување со себе

Она што го бараш можеби не е далеку. Можеби само чека да биде препознаено.

  • Facebook
  • Instagram
  • Youtube

Address

Marshal Tito bb.

1440 Negotino, North Macedonia

Contact

info@maireihealing.com

 Viber/WhatsApp (+389) 70-233-018 

Онлајн Холистички Центар за Личен и духовен Развој - Неготино, Северна Македонија

Реики и Трансформативни Сесии за Личен и Духовен Развој | Mai Rei Македонија

Реики сесии и алатки за смирување на умот, ослободување на емоции и внатрешна рамнотежа.

Thanks for submitting!

Available Hours

Monday - Sunday 12:00 - 21:30  

Copyright © 2026 Mai Rei — Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за рефундација

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ:

Услугите, програмите и ресурсите на Mai Rei се наменети за личен и духовен развој, благосостојба и саморефлексија. Mai Rei не е лиценциран медицински или психотерапевтски провајдер и не нуди дијагноза, третман или лекување на медицински состојби. Информациите и услугите не се замена за професионален медицински совет.

bottom of page