
Реики за возрасни „Транзиции на душата" (18+)
Енергетска поддршка за внатрешна рамнотежа
Животот нè води низ периоди на промена. Некогаш тие се видливи. Некогаш се случуваат тивко, внатре.
Кога чувствуваш дека нешто се менува, оваа сесија може да биде нежна поддршка за повторно насочување кон себе, сопствената енергија и внатрешниот ритам.
Транзиции на душата – пристап во три фази
„Транзиции на душата“ е Mai Rei пристап за возрасни во периоди на лични, емоционални и животни промени.
Процесот се од вива внимателно, преку Реики и енергетска работа, со почит кон индивидуалниот ритам на секој човек.
Секој процес започнува со разбирање и присутност
Кога е потребна ваква поддршка?
Животот носи периоди кога човек може да се чувствува преоптоварено, изгубено или уморно – не само физички, туку и внатрешно.
Овие сесии можат да бидат поддршка кога постои:
-
Внатрешен немир, грижи и напнатост
-
Емоционална болка или чувство на „скршено срце“
-
Потреба од поголема јасност при важни животни одлуки
-
Предизвици во односите
-
Периоди на промена и животни транзиции
-
Чувство на застој или исцрпеност
Процесот се одвива внимателно, со почит кон индивидуалниот ритам, потреби и животно искуство на секој човек.
Важна напомена
Енергетските сесии се форма на холистичка и комплементарна поддршка. Тие не претставуваат медицински или психолошки третман и не се замена за стручна здравствена грижа кога е потребна.
Зошто „Транзиции на душата"?
Овој процес не е насочен кон брзи решенија. Тој е за враќање кон себе.
Сесиите се одвиваат индивидуално и внимателно, преку Реики и енергетски пристапи кои се нежни, ненаметливи и прилагодени на личниот ритам.
Целта е поддршка во периоди на промена, поголема самосвесност и
повторно поврзување со сопствената внатрешна рамнотежа.
Започни ја својата Транзиција
Сè започнува со разговор
Бесплатна иницијална консултација
