Одисеја за квантно будење – Програма за лична трансформација
Одисеја за квантно будење е холистичка програма за лична трансформација,
со сеопфатен пристап кон умот, телото и духот.
Трите фази на Одисејата
Одисеја за квантно будење се одвива во три фази,
при што секоја фаза носи јасна насока и конкретен внатрешен напредок.
Фаза 1 - Ум
Позитивен начин на размислување
Во оваа фаза се истражуваат корените на предизвиците и се создава поголема свесност за ограничувачките мисли и верувања.
Целта е јасност, свесност и постабилен внатрешен фокус.
Фаза 2 - Тело
Продлабочена врска со физичкото јас и телото
Фокусот е на продлабочување на свесноста за телото, неговите сигнали и внатрешниот ритам. Се создава поголема поврзаност со сопственото тело, чувство на присутност и доверба во неговата природна мудрост.
Фаза 3 - Душа
Продлабочена врска со внатрешната мудрост
Во оваа фаза се продлабочува врската со внатрешната мудрост. Се интегрираат увидите и се поддржува процесот на внатрешно усогласување, поголема јасност за себе и сопствените избори.
Со што можеме да работиме заедно?
Емоционални искуства од минатото – истражување на настани и животни периоди кои сѐ уште имаат значење во сегашноста.
Стравови и внатрешни ограничувања – истражување на внатрешни ограничувања и обрасци кои се присутни во личното искуство.
Внатрешни конфликти – истражување и подобро разбирање на различните аспекти од себе.
Личен развој – откривање на сопствените потенцијали, вредности и насоки за понатамошен развој.
Односи – истражување на предизвиците, динамиките и обрасците во личните и меѓучовечките односи.
Духовна работа – истражување на подлабоките слоеви на свеста.
Интеграција – создавање поголема поврзаност помеѓу различните аспекти на сопственото искуство и чувството за себе.
Зошто да ја избереш Одисејата за квантно будење?
Затоа што претставува можност за подлабоко истражување на себе и сопственото животно искуство.
Одисеја за квантно будење е длабинска холистичка програма за личен развој што те води низ процес на освестување, самоспознавање и внатрешно усогласување.
Наместо само да зборуваме за промена, вниманието се насочува кон подлабоките слоеви на искуството – таму каде што се препознаваат повторувачките модели, стравови и внатрешни предизвици.
Преку внимателно воден процес:
Се истражуваат искуства и настани од минатото.
Се создава поголема свесност за емоционалните и енергетските обрасци.
Се истражуваат различните внатрешни аспекти и нивниот меѓусебен однос.
Се поддржува процесот на личен и духовен развој.
Ова не е само патување низ минатото.
Тоа е покана за подлабоко разбирање на себе, сопствените избори и животниот пат.
Одисејата создава можност за поголема јасност, самосвесност и поврзаност со внатрешната мудрост.
За кого е програмата?
Програмата е наменета за лица постари од 18 години кои се подготвени за искрена, одговорна и посветена внатрешна работа.
Дали оваа програма е за тебе?
Дали оваа програма е за тебе,
се утврдува на бесплатната консултација.
Започни ја својата Одисеја
Сè започнува со разговор
Бесплатна иницијална консултација
