top of page

Исцелување на внатрешното дете

Исцелувањето на внатрешното дете, заедно со другите холистички методи, е моќно во лекувањето бидејќи ни помага да ги откриеме минатите искуства кои го обликувале нашето однесување и не кочат во нашите сегашни животи. 

 

Откако ќе се соочиме со овие искуства, и ќе почувствуваме силно самољубие, тогаш продолжуваме да ги лекуваме раните од тоа минато со другите холистички метоси вклучени во програмите и создаваме нови можности за раст.

 

Затоа од клучно значење е да имате поддршка и водство на ова исцелувачко патување за да постигнете целосна трансформација и благосостојба уникатно искреирано во моите програми.

​Што ќе направат овие сесии за вас:

  • Ќе ја разберерте и избалансирате внатрешната рамнотежа на детето и возрасното Вие

  • Ќе се поврзете со внатрешното дете

  • Ќе го излекувате внатрешното дете

  • Ќе ги излекувате траумите од детството

  • Ќе излекувате и други трауми

  • Ќе ја зголеми вашата самодоверба

  • Ќе се ослободите од емотивните блокади

  • Ќе ја пронајдете основната причина и значајните точки од детството кои влијаат на остатокот од вашиот живот

  • Ќе ви помогнат да се ублажат траумите од минатото и да се создаде разбирање за нездравите програми за да може да се ослободат

  • Ќе ви помогнат да се разберете и да се поврзете со луѓето на подлабоко ниво.

За да ги залечиме раните, особено длабоко вкоренетите рани, за кои не сме свесни, мора да ги истражиме сите различни делови на тоа кои сме. Правејќи го тоа, ние навистина учиме да негуваме, сакаме, лекуваме и растеме.

Сите некогаш бевме мали деца. Секој од нас растеше и учеше од нашите модели, родители, старатели, воспитувачи и од сопствените искуства. Искуствата се различни. Има убави кога се смеевме гласно, се радувавме, игравме, пеевме, но и оние помалку убавите до трауматични.

Искуствата што ги имавме во првите 3 години го обликуваат нашиот начин на доживување на светот, луѓето, самите себе.

Дали ни е важна безбедноста, дали сме недоверливи, посесивни во врската, срамежливи, самоуверени, љубоморни...? Ние дури и не се сеќаваме на повеќето од искуства од најраните години, но нашата неврологија се сеќава на секоја емоција што не обземала.

 

Искуствата кои се повторувале повеќе пати оставаат зад себе потиснати емоции кои можеме да ги носиме во себе до ден денес. Тие искуства може да бидат оние што нè натерале да се чувствуваме убаво, вредно, задоволно, среќно, паметно, стабилно, сакано или оние што нè натерале да се чувствуваме спротивно. И едното и другото го обликуваат нашето доживување за реалноста, само прашањето е кои од нив сме ги имавле повеќе.

 

Ако не сте сигурни какви искуства доминирале во вашето најрано детство, размислете каков е животот за вас? Борба, Игра, Љубов, Вознемиреност или...?

 

Овие записи може да доведат до депресија, анксиозност, недостаток на самодоверба, деструктивно однесување, бескорисни навики, зависности, екстремни однесувања, па дури и хронични болести. Исто така, разни нездрави односи, недоразбирања со родителите, децата, партнерот, можат да бидат причина за необработени емоции и искуства.

Вие сте збир од сè што некогаш сте биле. Поради ова, вие сте споени во едно енергично суштество наречено Вие. 

 

Како да знаете дали вашето внатрешно дете е повредено?

Како ова влијае на сегашноста?

Секој од нас ги обработува емоциите на свој начин и манифестира различни симптоми, но ако имате некој од овие симптоми, можеби е добра идеја да се преиспитате како е вашето внатрешно дете:

  • Често сте во емоционална нерамнотежа

  • Ви недостасува самодоверба

  • Чувствувате дека не сте доволно вредни

  • Се соочувате со нарушувања во исхраната

  • Самоповредување

  • Зависности

  • Имате проблем со самодовербата и поставувањето граници

  • Нарушувања во исхраната

  • Имате лоша слика за себе

  • Нарушувања во интимноста

  • Имате напади на пасивна или активна агресија

  • Се чувствувате како жртва

  • Преокупирани сте со постигнување големи достигнувања

  • Преголемо его

  • Опсесивно однесување

  • Хронична анксиозност или страв

  • Нездрави односи со другите

  • Донесување лоши одлуки

 

Како не знам дека се случило?

 

За почеток, вие бевте дете. Плус, знаеме дека немаме свесна меморија за сè што ни се случило, но сè е зачувано во нашата несвесна меморија, каде што живее внатрешното дете. Тоа е делот со кој ќе се поврземе. Внатрешното дете е тука за да ви служи како родител.

Исцели го детето во тебе! Одбери програма.

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Смири си го умот. Смени си го живот.

bottom of page