Блокираност, исцрпеност и напнатост | Кога ништо во тебе не се поместува
Блокираност, исцрпеност, напнатост, прегореност или чувство дека телото вели „не можам повеќе“ — а обврските само се трупаат, тогаш време е за поинаков пристап.
Блокираност, исцрпеност и напнатост е соматски водич создаден за периоди кога едноставно немаш сила, а работите што порано биле лесни сега ти изгледаат како планина.
Ако се чувствуваш како во застој, чувствуваш постојана тежина или напнатост што не поминува со спиење – овој водич е твоето безбедно место.
Овој водич, креиран во форма на работна тетратка, нуди едноставни чекори што помагаат повторно да се појави движење во телото, да се намали напнатоста и постепено да станат појасни сопствените граници.
Ова не е теорија, туку работна тетратка со практични насоки создадени од реална работа со мои клиенти,за ослободување на телото и поставување здрави граници, без вина.
Што добиваш внатре:
Мали чекори за да го придвижиш телото без да го форсираш.
Јасност како конечно да кажеш „не“ и да ги заштитиш своите граници.
„Кошничка за поддршка“ со брзи чекори за моментите кога ти треба итна помош.
СОС вежба за оние денови кога немаш сила ни да станеш од кревет.
За тебе е ако:
– Се чувствуваш исцрпено, прегорено (burnout) или без трошка енергија.
– Телото ти е постојано „под напон“ или во грч.
– Знаеш што треба да направиш, но како да си закочена.
– Бараш мирни и едноставни начини за самоподдршка, создадени од реално искуство со клиенти.
Дигитален производ. Нема физичка испорака.



Reviews
Ми помогна да излезам од состојба во која буквално не можев да почнам ништо. Сега барем правам мали чекори💫
Iskreno ne ocekuvav vakva razlika. teloto mi bese konstantno napnato, sega sum po olabavena
Сфатив колку многу терет сум носела без да приметам. Ова ми помогна да почнам да поставувам граници без толку грижа на совест ✨