Преглед
Несигурност, самокритика, споредување со други и чувство дека не си доволно вредна можат тивко да влијаат на одлуките, односите и начинот на кој се гледаш себеси. Оваа програма е создадена за зголемување на самодоверба преку работа со сопствена вредност, внатрешен дијалог, лични граници и постепено враќање на довербата во себе. Процесот е самостоен и можеш да го следиш во свој ритам, без притисок и без потреба да се докажуваш. „Враќање на сопствената вредност“ е процес во кој самодовербата не се гради како маска, туку се враќа како внатрешно чувство. Понекогаш не е дека не знаеш што сакаш — туку не си сигурна дека смееш. Гласот на сомнеж станува погласен од сопствениот. Оваа програма е простор во кој повторно се поврзуваш со својата вредност. Без притисок. Без споредување. Со постепени чекори кон појасен однос со себе. Во текот на програмата ќе работиш со слоевите што ја градат самодовербата: — односот со себе — старите верувања што создаваат сомнеж — поставување граници без вина — присуство во социјални ситуации — донесување одлуки со повеќе јасност Во програмата ќе имаш: — водени медитации за присутност и внатрешна сигурност — рефлексивни вежби за појасно препознавање на сопствената вредност — практики за поставување граници — алатки за моменти на сомнеж, самокритика или внатрешна несигурност Самодовербата не е нешто што треба да го глумиш. Таа почнува да се враќа кога престануваш постојано да се отфрлаш од себе. Ќе учиш како да се слушаш, да си веруваш и да се движиш низ животот со повеќе мир, јасност и внатрешна сигурност.
Твоја инвестиција
Креатор на програмата
Внатре во програмата
Day 2
Day 3
Day 4
.1 step
Day 5
.3 steps
Day 6
Day 7
.2 steps
