top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube

Од сите лажговци на светот, понекогаш најлоши лажговци се нашите сопствени стравови.




Знаеш дека стравот те кочи и сакаш да се ослободиш од него засекогаш.

Но, не разбираш зошто, и покрај сето тоа што го правиш, истиот глупав страв се појавува и сепак успева да те спречи да го направиш следниот голем чекор во животот.

Слушај, ти си паметен/а.

Не ти требам јас, или другите, да ти кажам дека стравот те кочи да уживаш во твојот најдобар живот на земјата. Но, ајде да зборуваме зошто вашата стратегија не успева.


Планот за уништување на стравот пропаѓа секој пат, бидејќи стравот е неуништлив.

Стравот е неопходна емоција за човечката состојба. Не можете да го елиминирате од вашето битие. Потребен ви е страв за да ви ги испрати потребните сигнали, како на пример, кога сте во опасност или во небезбедна ситуација. Стравот може да биде навистина добра работа за тие околности.

Плус стравот е примарна состојба на сите живи суштества и нема да замине никаде, без разлика колку и да сте одлучни за тоа. Ако сакате да го уништите стравот, ќе треба да уништите дел од вашата човечка природа.


Проблемот е што стравот се проширил во области од вашиот живот каде што не треба да има мешање.

Стравот нема работа да биде во вашата глава кога ќе одите на интервју за работа или кога ќе побарате покачување и унапредување од вашиот шеф, или кога ќе им соопштите на родителите дека сте избрале да се омажите, кога треба да одите на патување и сл.


Најмногу од сè, стравот нема работа да зачекори помеѓу вас и вашите соништа.

Вие не сте во никаква опасност во овие ситуации. Совршено сте безбедни. Ниту еден лав не доаѓа да те фати кога ќе му кажеш на шефот да те унапреди и никој нема да те повреди. Стравот нема работа, нема дозвола и нема право да ви влезе во главата кога животните можности ќе ви тропнат на врата и очекуваат да се појавите, а вие останувате сокриени зад неа.

Ова е токму она што треба да го решите помеѓу вас и вашиот страв. Треба да се вратите на чело, бидејќи стравот ги надминал своите граници и треба да му го покажете местото. Единствената причина зошто стравот може да си остане тука е затоа што вие самите ја прифаќате оваа ирационалност.

Но, како дојде до ова? Ќе дознаете во наредниот блог пост.



121 views0 comments

Comentários


Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Смири си го умот. Смени си го живот.

bottom of page