top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube

22/2/2022 - еве што треба да правиме денес

Updated: Mar 16, 2022

Овој вторник е датумот што се случува еднаш во животот.


Благодарение на повторливите броеви на датумот, тој се смета за ангелски број во нумерологијата или број што носи одредена енергија или универзална порака.

Кога ќе го напишете, 22.2.22, тоа е палиндром, што значи дека се чита исто од напред и од назад.

Појавата на шест двојки во еден ден и тоа во Вторник (втор-ник) уште едно 2, има голема енергетска моќ. Бројот два симболизира рамнотежа, двојност, единство, хармонија, емоции и интуиција (во нумерологијата), така што неговата енергија ќе се фокусира на односите и тимската соработка.

Овој број може да ви помогне да ја разберете вашата личност, препреките што ги имате и вашиот поглед на животот.


КАКО ДА СЕ ПРОСЛАВИ?


Бидејќи бројот 2 симболизира рамнотежа, двојност и хармонија, ние треба денес да го канализираме тоа чувство. Тоа значи дека денес во нашите врски со блиските, партнерот, но и кон сите и сè, треба да сме смирени, со позитивни и хармонични чувства како кон другите, така и кон нас.


Како да го канализираме тоа чувство?


На овој ден треба да се манифестира, или со 22-минутна сесија за слободно пишување во 14:22 или 22:22 часот или со брза визуелизација. Тоа не само што ќе ви ја даде јасноста што ја посакувате, туку исто така може да ви ги отвори очите.


Станува збор за чистење на нештата што треба да ги извадиме од градите, но исто така и идентификување на работите што сакаме да ги закопаме под површината.


ВЕЖБА

  1. Поставете опипливи намери

  2. Фокусирајте се на она што сакате да го изградите во вашиот живот

  3. Во 14:22 или 22:22 часот запишете или визуелизирајте со чувство на веќе остварена цел.


Без оглед на патот што ќе одлучите да го следите и со кој број сакате да се поврзете, правете само она што е најдобро за вас и за вашите односи. Останете верни на себе кога сте сами или сте во интеракција со другите.


Еве што ни препорачуваат нумеролозите за овој ден:


„Овој ден е одличен да размислуваме за тоа како комуницираме со нашите најблиски и да се стремиме да одржиме врски со отворено срце“, вели Аугуста.


„Овој ден е добар за извршување на дејствија кои ја зајакнуваат љубовта што ја чувствувате кон вашиот партнер.“Ако можете да се вклучите во активности кои се продуктивни за вашата врска, енергиите на Венера што владеат оваа година ќе станат уште поизразени и ќе дадат обновено чувство на надеж и можности“. - Џеси Калси


„Чувствителноста и емпатијата може да бидат поизразени на овој ден, што сугерира дека би можеле да станете дополнително свесни за потребата од промена на навиките во врската“, вели Аугуста.


Како ќе продолжите по 22 февруари 2022 година и сите други датуми, тоа прашање целосно зависи од вас!


Ma'i Rei




Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
  • Facebook
  • Instagram
  • Youtube

Address

Marshal Tito bb.

1440 Negotino, North Macedonia

Contact

info@maireihealing.com

 Viber/WhatsApp (+389) 70-233-018 

mai-rei-google-maps-macedonia.jpg

Реики терапија и длабоко исцелување | Mai Rei Македонија

Реики терапија и алатки за смирување на умот, ослободување на емоции и внатрешна рамнотежа.

Thanks for submitting!

Available Hours

Monday - Sunday 12:00 - 21:30  

Copyright © 2026 Mai Rei — Сите права задржани. | Политика за приватност | Политика за рефундација

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ:
Услугите и производите што ги нуди Mai Rei не се наменети за дијагностицирање, третирање, лекување или превенција на болести или медицински состојби. Mai Rei не е лиценциран медицински провајдер. Информациите и услугите што се обезбедуваат се само за лична благосостојба, личен развој и едукативни цели и не се замена за медицински совет, дијагноза или третман.

Секогаш консултирајте се со квалификуван здравствен работник за било какви здравствени проблеми.

bottom of page